Несекојдневен момент во Шангај: Инсект го прекина сервисот на Ѓоковиќ (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ во овие моменти го игра мечот од осмнафиналето во Шангај против Шпанецот Мунар, а во завршницата од вториот сет видовме и еден интересен момент.

Имено, во моментите кога Ѓоковиќ се подготвуваше да сервира некој инсект се појави на земјата веднаш зад него, па српскиот тенисер ги запре подготовките за сервисот. Интересно беше и што девојката која беше во близина веројатно се плашеше да го отстрани, па Новак како вистински џентлмен се врати поназад да помогне.