
Чудна ситуација во Удине: Поради Израел повеќе луѓе ќе има надвор отколку внатре на стадионот!
Мечот се игра на 14 октомври на стадионот Фриули кој е дом на Удинезе. Многу италијански градови одбија да бидат домаќини на Израел, Удине беше еден од ретките кои прифати и ја доби огранизацијата.
Причината е што се најавуваат протести во Италија во периодот кога Израел ќе гостува. Причината е актуелната ситуација во Газа и одбувањето на УЕФА и ФИФА да го суспендираат израелскиот национален тим.
Ситуацијата е тензична, но мечот ќе се одржи со огромно обезбедување.
„Ќе беше подобро да се играше зад затворени врати за да се избегне дополнително масло во оганот“, вели градоначалникот на Удине, Алберто Феличе Де Тони.
„Ќе имаме 6.000 луѓе внатре во стадионот и 10.000 надвор. Ситуацијата ќе биде парадоксална, ќе има повеќе луѓе надвор отколку внатре во арената“.