Луда асистенција на Јокиќ, реакцијата на публиката кажува сѐ! (ВИДЕО)

Денвер продолжува со подготвителните натпревари за новата сезона, ноќеска играа против Торонто Репторс во Ванкувер и победија со 112-108, неколку потези на Јокиќ беа посебно интересни.

Јокиќ минатата сезона имаше трипл-дабл просек, 29,6 поени, 12,7 скокови и 10,2 асистенции, но тоа не беше доволно да ја добие МВП наградата. Сепак тој влегува максимално мотивиран за новата сезона.

Против Торонто одигра 20 минути без промашување од игра (5/5) и 7/9 од слободни фрлања. Мечот го заврши со 17 поени, шест асистенции и пет скокови.

Имаше две одлични асистенции кои привлекоа внимание, особено првата која изнуди воздишки кај публиката.

Еве ја и втората која админот на Денвер ја нарече „поезија“.