Албанка најави „војна“ во Лесковац: Доаѓам со знаме на УЧК (ВИДЕО)

Фудбалерите на Србија ќе ја пречекаат Албанија во Лесковац в сабота од 20.45 часот во дуелот од квалификациите за Светското првенство (СП), а пред натпреварот се јави инфлуенсерката Јулијана Нура од Албанија.

Албанката купи билет за натпреварот и даде големо ветување кон своите сонародници, а притоа најави „војна“ во Лесковац.

„Ќе дојдам на мечот против Србија, и тоа со знамето на УЧК. Имам фински пасош, ништо не ми можат, зашто таму имам луѓе“, вели Нура во емисијата „Фаворит“.