
Една реченица ја променла судбината на Родриго, наместо во Барса да заврши во Реал!
Пред да потпише за Барса реагирал неговиот татко кој му рекол дека може да го одбере и Реал Мадрид. Кралскиот клуб исто така бил заинтересиран, но во тој момент Родриго не го знаел тоа.
„Пред да потпишам за Реал Мадрид, се беше подготвено за да ставам потпис на договор со Барселона. Но тогаш дојде татко ми и ми рече дека можам да бирам, одлуката беше лесна. Знаев што сакам, знаев кој беше мојот сон и тоа се случи“, открива Родриго.
„Кога татко ми кажа дека можам да потпишам за Реал Мадрид, Барса веднаш отпадна“.
„Бев во Сантос, играв добро, Барселона дојде по мене, имав почит за нив, имав почит за сите големи клубови, но сонував да играм за Реал Мадрид“.