Милан две децении немал ваква статистика во Серија А!

По шест одиграни кола во Серија А, статистичарите пресметаа дека Милан немал ваков старт на сезоната 20 години.

Масимо Алегри донесе нова енергија во Милан, но пред се ја зацврсти одбраната на росонерите кои сега многу ретко примаат голови.

Милан на шест натпревари имаат примено само три гола, а на дури четири меча ја сочувале мрежата празна.

Откако се игра Серија А во ваков формат, Милан само уште еднаш успеал во првите шест меча на четири да не прими гол, тоа се случило во сезоната 2006/2007.

Интересно, Кремонезе е тимот кој му даде два гола на еден натпревар на Милан, а еднаш мрежата им ја затресе шампионот Наполи. Лече, Болоња, Удинезе и Јувентус не успеаа да дадат гол.

Натпреварите на Милан оваа сезона:

Милан – Кремонезе 1-2
Лече – Милан 0-2
Милан – Болоња 1-0
Удинезе – Милан 0-3
Милан – Наполи 2-1
Јувентус – Милан 0-0