Најдобриот стрелец на Холандија доцни на собирот зашто му го украле пасошот!

Најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата на Холандија, Мемфис Депај го пропушти собирот на националниот тим откако пријавил дека му го украле пасошот во Бразил, каде што игра за Коринтијанс.

Депај требаше да пристигне во Холандија во неделата, но не може затоа што му исчезнал пасошот во меѓувреме, па се обидува да добие нов пред квалификациските дуели за Мундијалот.

„Ова е несреќна ситуација, пред сè за Мемфис, но и за нас. Се надеваме дека ќе ни се приклучи во најкраток можен рок“, соопштија од Холандија.

Холанѓаните најпрво ќе се соочат против Малта на гости в четврток, а потоа ја пречекуваат Финска в недела.

Фото: EPA