Шок во Шангај: Синер му го предаде мечот на Грикспор

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го заврши настапот на мастерсот во Шангај, откако во третиот сет од дуелот против Талон Грикспор реши да го предаде мечот.

Синер го освои првиот сет со 7-6 во тај-брејк, а потоа се соочи со грчеви во вториот сет и тоа знаеше како да го искористи Грикспор за да стигне до 7-5.

Грикспор водеше и во третиот сет со 3-2, по што Италијанецот немаше друг избор освен да се предаде.

Ова значи дека Новак Ѓоковиќ ќе има отворен пат до финалето, откако претходно беше во истата половина на ждрепката со Синер и според проекциите требаше да се соочат во полуфиналето.

Фото: EPA PHOTO