Прва победа по 10 години: Севиља ја понижи Барселона во Андалузија (ВИДЕО)

Севиља вечерва успеа да слави против Барселона со убедливи 4-1 и така ја запиша првата победа во Ла Лига против големиот ривал по пауза од 10 години, иако во меѓувреме имаше уште еден триумф над каталонската екипа, но во Копа Дел Реј.

Севиља не можеше да посака подобар почеток на натпреварот, па преку Санчез од пенал погоди за 1-0, а потоа Ромеро стрелаше во 36. минута за предност од 2-0, но пред самиот крај на полувремето Рашфорд намали на 1-2.

Барселона имаше шанса и за израмнување, но Левандовски не реализираше удар од белата точка во 76. минута, по што казната стигна во завршницата кога Кармона и Адамс ги поставија конечните 4-1.

Standings provided by Sofascore

Фото: Sevilla FC