Фудбалер на Шкендија ќе биде дел од „војната“ помеѓу Србија и Албанија во Лесковац!

Албанската репрезентација го објави списокот фудбалери за квалификацискиот меч против Србија во Лесковац на 11 октомври (20.45 ч.), а најголемо внимание привлече дебитантскиот повик за Клисман Цаке од тетовска Шкендија.

Тој досега настапуваше за младинските селекции на Албанија, а сега првпат ќе добие шанса во сениорскиот состав. Неговиот избор предизвика бројни реакции во јавноста, бидејќи токму во Србија ќе го има првиот настап за националниот тим. Сепак, селекторот Силвињо и стручниот штаб нагласуваат дека повикот бил резултат на неговите настапи во дресот на Шкендија, каде што е стандарден играч во одбраната.

Покрај дуелот со Србија, Албанија ќе одигра и контролен натпревар против Јордан на 14 октомври во Тирана (19 ч.) на стадионот „Ер Албанија“.