
Бизарна повреда на српски кошаркар – нема да игра 12 недели поради физиотерапевтот!
Како што објави новинарот Едвин Авдиќ во својот подкаст, Аврамовиќ ги оштетил лигаментите на коленото откако физиотерапевтот на клубот при истегнување несмасно ја повлекол неговата нога. Се проценува дека бекот ќе биде надвор од паркетот од осум до 12 недели. Аврамовиќ и претходно се мачеше со здравствени проблеми, откако на дуелот меѓу Србија и Турција на Европското првенство заработи повреда на петата, поради што мораше предвреме да ја напушти средбата. Иако успешно се опоравуваше, новата ситуација дополнително ќе го оддалечи од терените.
Србинот има настапувано за Борац Чачак, ОКК Београд, Варезе, Малага, Естудијантес, Партизан и ЦСКА Москва. Со Партизан ја освои АБА лигата (2023), а со ЦСКА ја подигна титулата во ВТБ лигата (2025). Со српската репрезентација има светско сребро (2023) и олимписка бронза (2024).