Шпанците се мајтапат: Шкендија објави дека ќе гостува на стадион што – НЕ ПОСТОИ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Рајо Ваљекано по 24 години се враќаат на европска сцена, а вечерва ќе дебитираат во Конференциската лига со дуел против македонскиот претставник Шкендија Тетово.

За тетовскиот клуб ова ќе биде прв настап во ова натпреварување, а своето гостување во Мадрид го најавија со необично видео кое предизвика големо внимание на социјалните мрежи. Во промотивната снимка се прикажува орел – албанскиот национален симбол што е приказна само по себе – како лета над Мадрид и слетува на импресивен стадион над кој се појавува името „Рајо Валјекано“. Но, видеото не ја одразува реалноста на стадионот „Ваљекас“, кој е далеку од модерна арена.

Записот брзо стана вирален и предизвика бројни шеги и коментари: „Овие луѓе ќе се изненадат кога ќе го видат стадионот“, „Некој не погледнал на Гугл мапс“ и „Големо разочарување ги чека Македонците“ беа дел од реакциите (види ТУКА).

Стадионот на Рајо важи за објект кој има сериозни недостатоци – од дотраени тоалети и проблематични пристапи, до фактот дека нема јасна преграда меѓу домашни и гостински навивачи. Токму затоа, контрастот помеѓу видеото и вистинската состојба дополнително ја поттикна иронијата на фановите и мајтапот на сметка на тетовци.