Струга ја продолжи кризата на Пелистер, Вардар со бод се враќа од Куманово

Попладнево во рамките од осмото коло во ПМФЛ се одиграа два натпреваари во кои видовме два гола и тоа во триуфот на Струга над Пелистер (2-0), додека Башкими и Вардар ремизираа без голови.

Натпреварот во Куманово не донее премногу прилики, а најголемата ја имаa домаќините во првото полувреме. Искусниот Марко Симоновски излезе „еден на еден“ со голманот на „црвено-црните“, но лошо шутираше и Талески го одбрани неговиот удар.

Во вториот дел видовме по една голема прилика на двете страни, меѓутоа и во двете ситуации кои беа во последните десетина минути поуспешни беа голманите.

Средбата беше одбележана и со еден инцидент во 55-.минута кога дуелот беше прекинат откако навивач на домашната екипа падна од трибината. Прекинот траеше четири-пет минути. За Вардар ова е второ реми сезонава откако претходно во третото коло одиграа 2-2 со Брера, а на останатите шест средби славеа победи.

 

Струга го искористи ремито на Вардар и минималнио триумф над Пелистер се искачи на врвот на табелата со 22 бода, два повеќе од Вардар и Шкендија.

Од друга страна за Пелистер овој пораз значи продолжување на резултатската криза во која имааат веќе пет порази во низа и се наоѓаат на претпоследното место со само четири бода. Зад битолскиот состав е само Шкупи кој е единствен без бодови.