Артета има „луда“ идеја - ќе донесе воени пилоти на тренинг на Арсенал!

Тренерот на Арсенал, Микел Артета решил да направи необичен потег и да донесе воени пилоти на тренингот на премиерлигашот.

Артета со неговиот потег сака да им помогне на фудбалерите да ја подобрат комуникацијата, а за тоа планира да воспостави контакт со пилоти.

„Ќе стапам во контакт со нив, сакам да слушнам како комуницираат. Често се во ситуации – живот или смрт. Сигурно не користат 20 зборови, туку само еден. Тоа е подобрување кое би можело да ни помогне“, кажа Артета.

Фото: Facebook/Arsenal FC