Трагедија: Почина 19-годишен шпански голман по судир со фудбалер!

Шпанскиот голман Раул Рамирез почина на 19-годишна возраст по судир со еден фудбалер за време на натпревар од петтата лига меѓу Колиндрес и Ревиља.

Рамирез се здобил со тешка повреда на главата, по што бил реанимиран на теренот во саботата, а потоа итно бил пренесен во болница во Сантандер.

Докторите се бореле за неговиот живот два дена, меѓутоа не успеале да го спасат, а медиумите пишуваат дека доживеал „мозочна смрт“.

По смртта на голманот е најавена тридневна жалост во натпреварувањата и ќе се одржи минтуа молк во негова чест.