Боуен со „бомба“ ја скина мрежата на Евертон: Вест хем освои голем бод (ВИДЕО)

Вест хем освои голем бод на тешкото гостување кај Евертон (1-1) во шестото коло од Премиер лигата, а мечот ќе се памети по неверојатниот гол на Џерод Боуен.

Евертон до водство стигна рано во натпреварот, односно по 18 минути кога Кин се запиша во листата на стрелци.

Вест хем се обидуваше да дојде до израмнување и конечно тоа им успеа во 65. минута кога Боуен со „проектил“ ја скина мрежата на домаќинот.

Standings provided by Sofascore

Фото: West Ham United