Пелегрино со два гола ѝ го донесе првиот триумф на Парма

Фудбалерите на Парма конечно ја дочекаа првата победа во новата сезона во Серија А, откако херој на мечот против Торино беше Матео Пелегрино.

Домаќинот стигна до предност во 36. минута кога Пелегрино погоди од белата точка, а Торино потоа влезе одлично во второто полувреме и по само пет минути израмни на 1-1.

Пелегрино, сепак, повторно стапи на сцена и со неговиот втор погодок во 72. минута по вторпат ја затресе мрежата на Торино за триумф од 2-1 за Парма.

Standings provided by Sofascore

Фото: Parma FC