
Бура во Ливерпул: Слот направи потег кој ги разочара навивачите на клубот
Тренерот Арне Слот ги разочара навивачите затоа што во авионот за Истанбул не го зема и Федерико Кјеза, кој игра сè подобро во дресот на „црвените“.
Англиските медиуми пишуваат дека Кјеза не е повреден, но нема да патува поради техничка одлука на стратегот на Ливерпул, а тоа предизвика бурни реакции на фановите.
Навивачите сметаат дека Слот направил голема грешка затоа што со себе не го земал човекот кој оваа сезона на шест настапи запиша два гола и две асистенции.
Фото: Facebook/Liverpool FC