Лацио ја здроби Џенова и им се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)

Фудбалерите на Лацио беа одлични на гостувањето кај Џенова и триумфираа со 3-0 во петтото коло од италијанската Серија А.

По двата порази по ред, Лацио конечно се разигра и до водство против Џенова стигна по само четири минути игра со голот на Канчелиери, додека Кастеланос половина час подоцна зголеми на 2-0.

Џенова не успеа да одговори во второто полувреме, а дополнителен удар пристигна преку Закањи во 63. минута кога беа поставени конечните 3-0.

Фото: EPA