Чави ги „откачи“ Арапите зашто сонувал да води европски гигант

Поранешниот тренер на Барселона, Чави Ернандез беше сериозен кандидат за кормилото на Ал-Итихад, меѓутоа тој не планира да ја напушта Европа.

Чави наводно се надевал дека наскоро би можел да седне на кормилото на англискиот гигант Манчестер јунајтед, кој се соочува со голема резултатска криза.

Шпанецот повеќе од една година е без работа, откако претходно ја напушти Барселона со која имаше одредени успеси и ја освои Ла Лига.

Чави пред ангажманот во Барселона работеше и две сезони во Ал Сад.