
Драма во Куманово: Навивач падна од трибината, итно е пренесен во болница! (ВИДЕО)
Имено, околу 55-тата минута натпреварот во Куманово беше прекинат откако навивач на домашната екипа паднал од трибината. Медицинските екипи на теренот веднаш истрчаа да помогнат, а прекинот траеше околу 4-5 минути.
За среќа првичните информции според коментаторот во преносот на МРТ се дека навивачот е во ред. Во преносот можеше да се забележи и комбе на брзата помош кое влезе на теренот.