
Румениге удри по Њукасл: Таму работат идиоти
Во текот на летото и Баерн беше заинтересиран за неговите услуги, испрати неколку понуди, а последната изнесуваше 60 милиони евра. Тоа не беше доволно за Штутгарт кој потоа го продаде голгетерот на премиерлигашот за 85 милиони евра.
„Можам само да му честитам на Штутгарт што најде, да каажам, идиоти кои сакаа да платат толку пари, ние сигурно немаше да го направиме тоа. Во преговорите им кажав: Дојдовме до тука, повеќе од ова не е прифатливо. Не би требало да им исполнуваме се што бараат“, изјави Румениге.
Но, Румениге исто така додаде и дека тој трансфер покажува колку Премиер лигата е финансиски надмоќна во однос на останатите.
Летово Баерн не успеа да го доведе и Флоријан Вирц за кого нудеше 100 милиони евра, Вирц исто така заврши во Премиер лигата од каде што Ливерпул за него плати 125 милиони евра.
Фото: FC Bayern München