
Руни: Чекам Јунајтед да се распадне, клубот ја изгуби душата
За десет месеци, Рубен Аморим освои само 34 бода на вкупно 33 натпревари во Премиер лигата, а Руни не верува дека нешто ќе се смени наскоро.
„Не гледам нешто што може да покаже дека се е в ред во клубот. Според мене, неопходни се големи промени, менаџер, играчи, што и да е, само да си го вратиме Манчестер Јунајтед. Ова што го гледам не е Манчестер Јунајтед, не гледам играчи да се борат, не гледам карактер, не гледам желба за победа. Само чекам да се распадне, клубот ја изгуби душата, потребен му е нов двигател“, изјави Руни за ББЦ.
Во моментов Јунајтед е на 14. место на табелата во Премиер лигата со само седум бода, а во следното коло игра против Сандерленд кој е едно од најпријатните изненадувања сезонава во англиското првенство.