
Невреме го одложи натпреварот меѓу Валенсија и Овиедо
Во Валенсија денеска цел ден врне, а во неколку општини беше вклучен црвен аларм поради опасност од бура. Повеќе настани на отворено беа одложени уште во текот на вчерашниот ден, а денеска училиштата останаа затворени. По неколку консултации со Ла Лига, донесена е одлука да се одложи и дуелот меѓу Валенсија и Овиедо.
Слично невреме во Валенсија имаше и во октомври минатата година кога дури имаше и жртви и срушени објекти, па локалните власти не сакаа да ризикуваат да се случи нешто слично. Мечот ќе се одигра утре со почеток од 20 часот.