Велкоски по само три месеци добива унапредување во Сарајево!

Поранешниот македонски фудбалер Крте Велковски во иднина ќе биде генерален директор на Сарајево откако на денешната седница на управниот одбор било изгласано негово унапредување, пишува босанскиот портал „klix.ba“.

Велкоски во изминатиот период ја извршуваше функцијата спортски директор, а на новата позиција ќе го наследи Тарик Трибиќ кој својот ангажман го заврши на 30 мај оваа година.

Велкоски во текот на играчката кариера во два мандати го носеше дресот на Сарајево прво од 2014 до 2016, а потоа и од 2017 до 2022 година. Кариерата ја заврши оваа година во Македонија Ѓорче Петров.

Функцијата спортски директор ја извршуваше од јуни и очигледно во клубот се задоволни од неговата работа.