
Клуб од шведско село со 1.200 жители на прагот на шампионската титула
Ова е огромно достигнување за клубот, кој доаѓа од Хелевик, село во јужна Шведска со население од 1.254 жители според последниот попис. Покрај тоа што обезбеди пласман во Европа, Мјалби е на работ на сензационална титула во шведското првенство. На пет кола до крајот, екипата има предност од 11 бода во однос на второпласираниот Хамарби и треба да се случи чудо Мјалби да не ја освои својата прва титула во шведското првенство во историјата.
Мјалби е клуб кој низ целата своја историја се движел од првата до четвртата шведска лига, а не толку одамна, од 2015 до 2018 година, беше во третата дивизија. Потоа, во две последователни сезони, се пласираа во повисок ранг и сега игра во највисокото ниво на шведскиот фудбал шеста година по ред. Во тој период, беше рангиран од петтото до десетто место.
Според Трансфермаркт, Мјалби е деветтиот највреден тим во шведското првенство. Вкупната вредност на играчите е 15,7 милиони евра, највреден е Малме со 40 милиони евра, а Хамарби исто така вреди над 30 милиони, додека Дјургарден вреди 25 милиони евра.