
ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА – 20 ГОДИНИ СТРАСТ, ВИЗИЈА И ЛИДЕРСТВО
„Денес не славиме само 20 години постоење – денес славиме 20 години заедништво,“ истакна генералниот директор Златко Муцунски во своето инспиративно обраќање. „Сите вие сте значаен дел од нашата приказна. Без вас, ’20‘ ќе беше само број. Со вас – тоа стана патување полно со предизвици, победи и незаборавни моменти. Ние не сме тука само да продаваме автомобили. Ние креираме искуства, отвораме патишта кон авантури и овозможуваме слобода да се сонува и освојува.“
Порше Македонија започна со работа во 2005 година како дел од Porsche Holding Salzburg, првично застапувајќи ги брендовите Volkswagen и Audi за Македонија и Косово. Денес портфолиото брои седум светски познати брендови меѓу кои се – Škoda (од 2007), SEAT (2014), Porsche (2016) и CUPRA (2024) – и силна продажно-сервисна мрежа со повеќе од 100 вработени и над 50.000 продадени возила.
Јубилејната вечер донесе повеќеслојна уметничка програма, настапи на врвни артисти и видео-проекции кои потсетија на клучните моменти од изминатите две децении. Настанот претставуваше „неконвенционално патување низ уметност, музика и автомобилска страст“, а гостите уживаа во вечер исполнета со музика, изведувачки перформанси и пријателска енергија.
20 години по основањето, Порше Македонија стои како синоним за квалитет, иновација и лидерство во автомобилската индустрија. Компанијата останува посветена на иднината на мобилноста – електрификација, автономни технологии и паметни решенија – но никогаш не заборава дека вистинската сила е во луѓето, партнерствата и вредностите што заедно се градат.
„По 20 години – сè уште постоиме, сè уште на врвот стоиме, и одлично изгледаме,“ заклучи Муцунски, кревајќи здравица за новите хоризонти што следуваат.
Со оваа прослава, Порше Македонија уште еднаш потврди дека нејзината приказна не е само за автомобили – туку за страст, визија и заедништво кое ќе продолжи да создава нови јубилеи и нови победи.