Подолски како ултрас – се соблече и навиваше со „Торцида“!

Лукас Подолски привремено фудбалскиот терен го замени со трибините и тоа со ултрасите на својот клуб.

Легендарниот фудбалер се соблече и се придружи на најверните навивачи на тимот на Горник Забрзје каде што настапува. Подолски ги изненадил сите кога без најава се појавил на гостинската трибина во дербито против Краковија кое заврши без победник 1-1.

Поранешниот германски репезентативец не можеше да помогне на теренот поради повреда на листот, па се одлучи за едно поинакво искуство.

„Со нашата „Торцида Горник“. Неверојатна страст. Ова е фуддбал“, напиша Подолски покрај објавена фотографија од трибините.

На Подолски и останатите навивачи не им пречеше и тоа што во моментите на натпреварот температурата изнесувала девет степени.