
Алкараз не запира, ќе го игра деветтото финале во низа!
За Шпанецот ова е десетто финале оваа година, но исто такаа и деветто во низа. Норвежанецот Руд пружи отпор, па Алкараз до победата стигна потешко од очекувањата.
Шпанецот го изгуби првиот сет откако Руд направи брејк во осмиот гем и тој се покажа како доволен да поведе со 1-0.
Сепак, фаворитот тргна подобро во вториот сет и уште во вториот гем го одзема сервисот на норвешкиот тенисер, а до крајот беше сигурен за 1-1. Слична беше ситуацијата и во третиот, одлучувачки гем.
За својата 24. титула во кариерата, Алкараз ќе се бори со Тејлор Фирц кој со 2-0 (6-4, 6-3) беше подобар од Џенсон Бруксби. Во меѓусебните пресметки со Фриц, Алкараз води со 3-1.