
Реал остана без десен бек - се повреди и Карвахал
Тоа значи дека Чаби Алонсо на неодредено време ќе биде без класичен десен бек поради што ќе мора да експериментира, најверојатно со Фран Гарсија кој на таа страна пополнуваше и минатата сезона и покрај тоа што е лев бек или со Раул Асенсио чија оригинална позиција е стопер. Карвахал доживеа повреда на листот на десната нога на вчерашното дерби против Атлетико и ќе биде надвор од тимот четири недели што значи дека ќе биде во трка со времето за Ел Класико кое е на програмата пред крајот на октомври.
Повредите во тимот на Реал се последица на напорниот распоред и фактот што екипата речиси немаше одмор бидејќи летово настапи на Светското клупско првенство. Во моментов, надвор од екипата е и Антонио Ридигер кој ќе паузира до декември, како и Ферлан Менди кој се уште не заиграл оваа сезона.