
УЕФА сепак ќе го суспендира Израел!
Иако се тврдеше дека по лобирање на САД, УЕФА и ФИФА нема да го суспендираат Израел од фудбалските натпреварувања, сепак тоа нема да се случи.
„Тајмс“ од свој извори тврди дека на почетокот од наредната недела на седница на Извршниот комитет на УЕФА ќе се гласа за исфрлување на Израел од сите фудбалски натпреварувања под капата на оваа организација.
Ако дојде до гласање, Израел сигурно ќе ја доживее судбината на Русија и нема да настапува во европските клупски и репрезентативни натпреварувања.
Многумина негодуваат што Израел уште е присутен во спортот и покрај агресијата врз Палестина.
Фото: EPA Photo