
Деко имал задача во Загреб, преговарал за ново „чудо од дете“!
Според информациите на медиумите оваа прилика, Деко ја искористил и да има разговори за потенцијални заасилувања за Барселона во иднина. Во фокусот наводно биле двајца тинејџери од редовите на Динамо, Бразилецот, Рафаел Белињо и Португалецот, Каросо Варела кои имаат по 16 години.
Португалецот остварил средба со Белињо кој член на Динамо е од 2022 година, претходно во Хрватска беше дел од НК Виндол, додека првите чекори ги направи во неговата татковина во редовите на Васко Де Гама.
Состанокот се одржал во хотел во Загреб, а самиот Белињо на социјалните мрежи објави фотографија со Деко и неговиот татко и на тој начин ја потврди средбата.
Негов агент е Енди Бара кој застапува фудбалери како Жоан Гарсија и Дани Олмо.