Разочарување за Реал, Арсенал ја исполнил желбата на Артета!

Според последните информации од Островот, Вилијам Салиба се согласил да потпише нов договор со Арсенал кој ќе има важност до 2030 година.

Салиба има уште две години од истекот на актуелиот договор со Арсенал, меѓутоа сега постигнал договор за соработка до 2030 година и се би требало да биде официјализирано во наредните денови.

Францускиот дефанзивец во Арсенал пристигна во 2019 година од Сент Етјен, но веднаш беше вратен во матичниот клуб на позајмица, а потоа следувааа позајмици и во Ница и Маррсеј. За првиот тим на Арсенал дебитираше во 2022 година и од тој момент собра 139 натпревари.

Ваквата вест е разочарување и за Реал Мадрид кој ова лето се обидуваше да дојде до потписот на одличниот дефанзивец.

За репрезентацијата на Франција одигра вкупно 28 натпревари и освои сребро на Светското првенство во Катар.

Фото: Arsenal FC/X