
Алварез со вчерашниот хет-трик потсети на Меси
Аргентинскиот напаѓач го одигра веројатно својот најдобар натпревар откако е во Мадрид каде што пристигна од Манчестер сити и ги постигна сите три гола за својата екипа.
Алварез еден постигна во првиот дел и два во второто полувреме когаа неговиот тим имаше негатива од 1-2 и донесе комплетен пресвррт.
Интересно е што тој во Ла Лига е првиот Аргентинец кој постигнал хет-трик по Лионел Меси кој ја напушти Барселона во 2021 година. Вкупно од почетокот на сезоната Алварез зад своето име има четири гола по шест одиграни кола.
Фото: Atletico Madrid