Канаваро добил понуда да стане селектор, но тој има поинаква желба

Италијанецот Фабио Канаваро во овој момент е без ангаажман откако доби отказ во Динамо Загреб, а сега добил понуда да стане селектор, но ја одбил.

Имено, понуда до Канаваро испратила репрезентцијата на Кина која накратко ја водеше во 2019 година. Тогаш италијанската легенда ги предводеше Кинезите во две средби со Узбекистан и Тајланд и двете ги загуби со по 1-0. Сепак, во оваа земја оставви трага во клупскиот фудбал како предводник на Гвангжу.

Наводно, желба на Канаваро е да остане во европскиот фудбал и чека таква понуда. Во последниот ангажман, Динамо го водеше на 14 натпревари во кои забележа седум победи и пет порази.

Фото: GNK Dinamo Zagreb/X