Мбапе има фаворит за „Златната топка“: Веднаш би му ја однел дома!

Вечерва во Париз ќе биде доделена „Златната топка“, а Килијан Мбапе нема дилеми дека престижното признание треба да заврши во рацете на Осман Дембеле.

Иако Мбапе во минатата сезона постигна 44 гола тој е убеден дека Дембеле повеќе ја заслужува наградата.

Французинот сезоната ја зврши со 32 гола, a само еден од нив беше од пенал, но исто така беше и клучен во успехот на ПСЖ кој во минатата сезона ги освои сите трофеи во Франција, Лигата на шампионите и играше финале на Светското клупско првенство.

„Дали Дембеле ја заслужува „Златната топка“? Да, се надевам дека ќе ја освои, ако јас се прашувам и би му ја однел дома“, порача Мбапе.

Главен конкурент на Дембеле е тинејџерот од редовите на Барселона, Ламин Јамал.

Фото: Real Madrid C.F/X