Лајлс издоминира на трката на 200 метри и се израмни со Болт (ВИДЕО)

Американскиот атлетичар Ноа Лајлс доминираше на трката на 200 метри на Светското првенство (СП) во Токио, каде што го освои првото место со време од 19,52 секунди, а притоа се израмни со Јусеин Болт.

Лајлс со одличниот резултат стигна до четвртата светска титула во кариерата, па така се изедначи со пензионираниот Болт во оваа дисциплина.

Сребрениот медал на трката го освои Кени Беднарек од САД со време од 19,58, додека Брајан Левел од Јамајка ја освои бронзата со време од 19,64 секунди.

Фото: EPA