Ибраими: Испишавме историја, но сакаме и повеќе!
Ибраими не го крие задоволсството од самиот пласман на Шкендија во оваа фаза, сепак потенцира и дека тимот ќе го даде максимумот за уште повеќе.
„Нормално е дека сите сме среќни што оваа година испишавме историја, но не треба да застанеме тука, ќе го дадеме максимумот за утре да победиме и зошто да не одиме понатаму“.
Ги повика навивачите да дојдат во поголем број.
„Тие се нашиот 12-ти играч и верувам ќе ни помогнат да дојдеме д победата, ја очекувам нивната поддршка. На последните два натпревари покажавме дека можеме да играме против силни екипи, но среќата не беше на наша страна“, порач Ибраими.
Натпреварот помеѓу Шкендија и Слован се игра утре во терминот од 18:45 часот.