Рамос може да се врати во Европа и тоа во - Премиер лигата!
Легендата на Реал Мадрид би можел на голема врата да се врати во европскиот фудбал бидејќи Манчестер јунајтед во него наводно гледа одлично решение за проблемите во одбраната.
Рамос последниот натпревар за Монтереј го одигра на 7 декември во полуфиналето од плеј-офот во мексиканската лига, а во клубот за помалку од една година собра 32 натпревари во кои постигна седум голови.
Манчестер јунајтед со Рамос се поврзуваше и во 2015 година, но тогаш Шпанецот се одлучи за Реал Марид. Во едно свое интервју и самиот Рамос потврди дека тој трансфер бил блиску до реализација.
„Бев навистина блиску, но останав таму каде што требше, во Реал Мадрид“, изјави во една прилика Рамос.
Медиумите пишуваа и дека клубот од „Олд Трафорд“ се обидувал да го доведе и пред две години, меѓутоа и тој обид се покажа како неуспешен, па сега можеби ова е нова и последна шанса.