Реал Мадрид со тројца јуниори во составот влегува во спектаклот со Сити

Реал Мадрид е во криза, тимот на Алонсо победи на само два од последните едум натпревари, а медумите пишуваат дека Чаби Алонсо ќе добие отказ, ако вечерва не слави потив Манчестер сити.

Но, во овј дуел Алонсо влегува со огромни проблеми. Натпреварот против „граѓаните“ ќе го пропуштат дури седум фудбалери и тоа: Дин Хујсен, Давид Алаба, Едер Милитао, Ферланд Менди, Арнолд, Дани Карвахал и Едуардо Камвинга.

Најголемите проблеми се во одбраната каде што Алонсо има само двајца стопери на раасполагање, Асенсио и Рудигер. На десната бековска нема ниту еден фудбалер, единствените бекови му се на левата страна, Алваро Кареерас и Фран Гарсија.

Поради тоа во составот за вечерашниот натпревар од 21:00 часот, Алонсо вклучи тројца јуниори. Тинејџерите Жоан Мартнез и Виктор Валдепеннад во одбраната и Кастеро кој е фудбалер од средниот ред.