Фудбалерите до 17 години добија група со Германија и Франција во битката за ЕП!

Денеска фудбалерите до 17 години ги добија противниците во втората рунда од елитните квалификации за Европското првенство.

Ждрепката сакаше Македонија да се најде исклучително тешка група со селекциите на Германија, Франција и Словенија.

Квалификациите ќе започнат на пролет следната година и репрезентациите се поделени во седум групи со четири селекции и ќе се играат мини-турнири со еден домаќин. Домаќините дополнително ќе бидат договорени.

Место на завршниот турнир на ЕП 2026 ќе обезбедат само првите екипи од групата .Европското првенство ќе се игра од 25 мај до 7 јуни.

Група А1: Германија, Франција, Словенија, Македонија

Група А2: Исланд, Португалија, Италија, Романија

Група А3: Шведска, Црна Гора, Грција, Норвешка

Група А4: Чешка, Казахстан, Австрија, Данска

Група А5: Белгија, Кипар, Србија, Швајцарија

Група А6: Шпанија, Турција, Шкотска, Северна Ирска

Група А7: Република Ирска, Словачка, Хрватска, Полска