Судеше во финалето од ЛШ во 2024, а потоа исчезна - тврди дека го наместиле!
Како што вели Кајтазовиќ не може да биде ништо поврзано со судењето во фудбалот.
„Мојата судиска кариера е завршена, ја постигнаа својата цел. Иако имам искуство и знаење, иако сакам да помогнам, не можам да бидам ниту контролор, ниту ментор на младите судии“, започна поранешниот судија.
Според него проблемите започнале по прикзните во кои се пишувало дека бил отпуштен од судиската школа пораади некакви патни трошкови. Тој тврди дека обвинувањата против него не се вистина и дека има доказ.
Потоа тука била ситуација од словенечката лига каде што како ВАР судија поништил пенал досуден во последното коло. Третиот случај бил натпреварот помеѓу Копер и Целје на која не досудил пенал за Копер, по што одредени лица влегле во соблекувалната. Кога побарал поддршка од сојузот, не добил никаков одговор.
„На натпреварот Копер – Целје како ВАР судија не досудив пенал за Копер, по што поединци провалија во соблекувалната. Очекуваа случајот да го пријавам во полиција, но кога прашав дали ќе помогнат и ќе застанат зад мене – настана тишина.“
„Четвртата епизода, која сè промени, беше пријателскиот натпревар на младинските репрезентации на Словенија и Австрија. На него признав погодок кој требаше да биде поништен. Помошникот не беше сигурен, кога ја погледнав снимката на полувреме сфатив дека погрешив и тоа го признав“, изјави Кајтазовиќ.
По тој натпревар се појавил анонимен текст во кој авторот го обвинувал за спорни и сомнителни одлуки, тогаш тој текст завршил и во други медуми, дознал подоцна дека приказната била понудена и на други редакции.
Подоцона тоа му било проблем секаде каде што се обидувал да добие работа, па бил одбиван.