Салах одби да се извини - нема да игра ниту викендов за Ливерпул!

Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах сè уште е во лоши односи со тренерот Арне Слот, откако одби да се извини, а поради тоа ќе мора и следниот натпревар да биде надвор од тимот.

Салах беше отстранет од екипата за пресметката против Интер во Лигата на шампиони (ЛШ), откако јавно го искажа своето незадоволство, а со идентична ситуација ќе се соочи и за дуелот со Брајтон во Премиер лигата.

Слот претходно ги праша новинарите кој треба да се извини, дали тој или Салах, по што стана јасно дека Египќанецот мора да го направи првиот чекор кон примирје.

Египќанецот, сепак, не прифати такво нешто и затоа нема да биде дел од составот на актуелниот шампион против Брајтон.

Фото: Facebook/Liverpool