Англија закажа два пријателски меча пред СП 2026

Фудбалската репрезентација на Англија потврди дека ќе одигра два пријателски натпревари пред Светското првенство (СП) во 2026 година.

Селекторот Томас Тухел ќе има последна шанса да ги поправи недостатоците пред почетокот на Мундијалот.

Првиот меч на Англија е закажан за 27 март против Уругвај, додека четири дена подоцна ќе се соочат против Јапонија.

„Гордиот Албион“ на СП 2026 ќе настапи во групата Л, а ривали ќе му бидат Хрватска, Панама и Гана.

Фото: Facebook/England football team