Почна ремонтот во Дебар Маало: Работнички ги прекина соработките со Асани и Имери

Македонскиот прволигаш Работнички имаше полусезона за заборав затоа што освои само седум поени и се наоѓа на претпоследното место, па поради тоа екипата од Дебар Маало реши да направи ремонт во следниот период.

Работнички денеска соопшти дека се прекинати договорите со двајца фудбалери, и тоа Џелил Асани и Демир Имери, а во следниот период се очекуваат дополнителни активности од страна на прволигашот.

Екипата од Дебар Маало ќе се обиде во вториот дел од сезоната да освои доволно бодови за да избегне испаѓање во понизок ранг, но претходно се очекува да ангажира нови засилувања.

Фото: ФК Работнички