Џерард до Салах: Имав и ја слична ситуација, ќе се каеш!

Ситуацијата со Мохамед Салах во Ливерпул ја коментираше и поранешниот капитен на „црвените“, Стивен Џерард кој вели дека бил сведок на слична ситуација во текот на неговата кариера.

Незадоволството на Салах кулминирше по натпреварот против Лидс, но поради неговите коментари Слот одлучи да не го повика за натпреварот против Интер, а според најавите нема да биде со тимот и за натпреварот со Брајтон,

„Тој е навистина разочаран што не игра и јас тоа го почитувам. Не сака да биде надвор од тимот, меѓутоа не ги прифаќам коментарите дека клубот го „фрлил под автобус“. Тебаше да разговара со менаџерот, ова бара реакција и на капитеенот Ван Дајк“, смета Џерард.

Џерард се потсети дека имал сличнна ситуација кога бил сведок на несогласувања помеѓу Брендан Роџерс и Луис Суарез.

„Се најдов во слична ситуација кога по 30 секунди заработи исклучување против Манчестер јунајтед. Никој не е совршен. Сите некогаш ќе ја изгубиме главата и сме имале емотивни испади. Знам дека Салах ќе се покае за тоа што го кажа. На крај на денот, Салах е потребен на Ливерпул и може да ја надмине оваа кризна ситуација“, смета Џерард.