Чкембари со огномет во два наутро не им даваа да спијат на ракометарите на Вардар (ВИДЕО)

Големото ракометно дерби помеѓу Пелистер и Вардар, закажано за денеска во Битола (18 часот), имаше неофицијален почеток уште рано утринава во два часот, кога популарните Чкембари со огномет и бучава не им дозволуваа на противниците да имаат мирен сон.

Битолските навивачи по примерот на повеќе европски ултрас-групи, се собраа пред хотелот во својот град каде што во своевиден карантин беа црно-црвените, дојдени со желба да се аклиматизираат и одморат пред пресметката која може дури да го реши и прашањето околу титулата.

„Нема мирна ноќ за вардарци“, порачаа Чкембари со видео од овој „герила потег“.

Пелистер нема друга опција освен победа на вечерашниот меч, со оглед што веќе има четири бода помалку од големиот ривал од Скопје, кој е неприкосновен лидер со скор 15-0. Битолчани, пак, имаат две нерешени средби и еден пораз, што значи ако црвено-црните дојдат до еден или, пак, два бода ќе дојдат до огромна предност, која речиси сигурно би била недостижна без разлика што има уште многу да се игра до крајот на првенството.