Историски момент: За првпат жена ќе води клуб од Бундеслигата!

За првпат во историјата на професионалниот фудбал ви Германија, жена ќе застане на чел на еден клуб.

Според информациите на „Билд“, Швајцарката Татјана Хaни ќе ја преземе улогата на главна директор во Лајпциг, тим кој во овој момент е второпласиран зад Баерн на табелата.

Иако, веројатно голем број навивачи нејзиното име ќе треба да го пребаруваат, Татјана е и тоа како ценета во фудбалските кругови. Таа е поранешна фудбалерка со 23 настапи за репрезентацијата на Швајцарија зад себе, а по играчката кариера доби функција во УЕФА каде што беше задолжена за развојот на женскиот фудбал.

Во Лајпциг пристигннува од позицијата директор на американската професионална женска лига, улога која ја извршуваше од 2023 година.