Просинечки си најде нова работа, пак ќе биде селектор!

Легендата на хрватскиот фудбал, Роберт Просинечки по четврти пат ќе биде селектор на една репрезентација, овојпат ќе ја води селекцијата на Киргистан.

Фудбалската федерација на Киргистан објави дека Роберт Просинечки ќе биде нивниот нов селектор. Тој потпиша едногодишен договор со нив, со опција за продолжување на уште една.

А ако се оствари добар резултат на Азискиот куп во 2027 година, соработката може да се продолжи и за дополнителни три години.

Киргистан се наоѓа на 104. место на ФИФА ранг листата. 

Просинечки е без работа од септември оваа година кога доби отказ од Црна Гора.

Покрај Црна Гора, Просинечки претходно беше селектор и на Босна и Херцеговина и Азербејџан.