
Челниот двоец на РФМ во Австрија ќе учествува на Изборниот конгрес на ЕХФ!
Генералниот секретар на РФМ, Влатко Тасевски како и Маријан Начевски ќе бидат и директно инволвирани на изборите, двајцата се кандидати за комисии при ЕХФ.
Влатко Тасевски се кандидираше за член на Ракометниот суд во ЕХФ. Tасевски е меѓу 13 кандидати за шест места во Ракометниот Суд на ЕХФ.
Маријан Начевски е кандидат за член на Апелацискиот суд на ЕХФ. Аплецијата покрај претседател и потпретседател има има пет членови, а конкуренцијата е меѓу 13 кандидати
Уште пред изборите на ЕХФ, јасно беше дека Германецот Видерер ќе го води европскиот ракомет и во иднина, бидејќи е единствен кандидат за претседател.
Изборниот конгрес на ЕХФ се одржува во Андау, Австрија. Присуството на челните луѓе на РФМ е значајно за размена на искуства и унапредување на соработката со останатите федерации.